Електричните возила се одличен начин да се намали загадувањето на воздухот од возилата, но и самите доаѓаат со предизвици како „Што со батериите ако не нефункционални?“.
Еден од проблемите е што и самото тестирање на батериите е што овој процес трае три часа. Но не повеќе. научници од Универзитетот Ворвик разви метода со која тестирањето на батериите трае само 3 минути. Со ова значително се скусува периодот за оценување на употребливоста на батеријата, што е важно и за понатамошниот пат на батеријата, поточно дали може повторни да се употребат, рециклираат или да се фрлат.
Ова е важно бидејќи во општ случај батеријата има подолг век на траење од самото возило. Електричниот мотор може да откаже или да биде уништен некој дел од возилото, но батеријата и по овој период може да задржи 70 отсто од првичниот капацитет. Дури и да не е доволно за возила можеби ќе биде доволно за некаква друга примена. Со ова ќе се продолжи животниот век на батериите пред да треба да се исфрлат, а со ова и ќе се добие поголема вредност од една батерија, вели Next Web.
Секако ова се одлични вести и дополнителното намалување на загадувањето е добредојдено, уште повеќе што дел од материјалите во батериите се штетни за околината.







