0 коментари 1 мин. читање

Пристапете до огромна GIF колекција со Jiff GIF

Во оние ситуации каде зборовите не се доволни, би можеле да пробате да ги изразите вашите најдлабоки мисли со GIF – ови.

Jiff GIF е алатка за вашиот Chrome прелистувач која одлично излегува во пресрет на ваквата потреба. Едноставно кликнете на соодветната икона од лентата со алатки и веднаш ќе можете да започнете со пребарување илјадници GIF – ови. Откако ќе го одберете GIF – от која највеќе ви се допаѓа добивате три опции за споделување. Можете да го копирате URL линкот, да копирате GitHub markdown или да го сочувате GIF – от на вашиот компјутер, нешто што знае да биде исклучително корисно доколку постојано пласирате едни исти GIF – ови.

Jiff GIF има исклучително импресивна библиотека од ваква форма на визуелно изразување и претпоставуваме дека лесно би можеле да најдете нешто соодветно за секоја пригода. Интересно е тоа што и тука преовладува трендот со мрачниот режим на работа и, доколку сакате, лесно ќе можете да активирате Dark Mode откако првин ќе го отворите додатокот.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top