9 коментари 1 мин. читање

iPad 2 пристигна во Македонија. Официјално.

Импресивниот таблет компјутер пристигна во Македонија. iPad 2 ќе може да се купи од Дуна компјутери кој е официјален дистрибутер и сервис центар за Apple уреди.

Втората генерација на таблет компјутерот iPad беше претставена во март оваа година и од тогаш се продаде во неверојатни 10 милиони примероци, што е десетина пати повеќе од продажбата на сите заедно Android Honeycomb таблет компјутери. Вкупно, за само една година се продадоа околу 28 милиони iPad-и.

Ценaтa за црн iPad 2 16 GB со Wi-Fi e 30.000 денари, а за белиот iPad 2 16 GB со Wi-Fi и 3G е 43.000 денари. Повеќе на сајтот на Дуна компјутери.

Во Дуна ja има и покривката за iPad, Smart Cover која се продава одделено. Достапни се и неодамна претставените ултра-тенки MacBook Air лаптопи.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top