Windows Phone 7 Mango е спремен за објавување

во Софтвер

Кодот за Mango, софтверската надоградба со куп новини за Windows Phone, е испорачан на производителите на мобилни уреди, што значи дека е готов и наскоро, на есен, ќе може да се очекуваат телефони кои ќе работат на оваа верзија на мобилниот OS.

Mango ќе има нова Group опција која ќе може да се групираат контактите и која ќе биде додадена во People опцијата преку која се организираат пријателите. Има подобрена имејл опција Conversation View за четување, ќе има и мултитаскинг, односно стартување на неколку апликации одеднаш, и Internet Explorer 9. Има подобрување на Photo опцијата, и Mango ќе ги има Bing Vision и Local Scout локациските сервиси за пребарување на локални бизниси. Покрај овие, Microsoft најави дека ќе има и стотина поправки и подобрување на мобилната платформа.

Еден од првите Mango телефони беше претставен во Токио. Телефонот, кој може да го видите во видеото подоле, е направен од Fujitsy и Toshiba и ќе биде достапен само во Јапонија.

Овој телефон ќе биде достапен во септември-октомври, кога се очекува да се појават и други Windows Phone 7 телефони, најверојатно првите ќе бидат од Nokia која влезе во соработка со Microsoft. Сепак, и покрај интересните промени, нови соработки и нов ОС, предизвикот за Windows Phone е да стане конкуренција на Android и iOS кој владеат со пазарот на паметни телефони.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments