0 коментари 1 мин. читање

Со помош на 100.000 ретвитувања, ќерка конечно гледа фотографија од мајка си

Во Кина, 71 годишната чистачка на кондури Шуфанг Зонг со помош на друштвените медиуми испрати фотографија до ќерка си со која се нема видено 5 години.

Работејќи на улица, вниманието на Шуфанг Зонг и го привлекол корисник на iPad кој го држел уредот во рака. Таа го замолила да ја слика и да испрати слика од неа на нејзината ќерка. Тие немало шанса да се видат, ќерката живеела предалеку, а Шуфанг ниту имала пристап до Интернет, а и да имала, не би знаела како да го користи. Телефонскиот број на ќерка си не го знаела. Тоа што знаела е што и го кажала ќерка и – дека преку интернет може да се праќаат слики.

Бидејќи во близина немало Wi-Fi конекција, човекот ја сликал Шуфанг и подоцна ја објавува на Weibo – кинеска алтернатива на Twitter. Набргу сликата е репостирана повеќе од 100.000 пати, а подоцна и локалните вести ја објавиле сликата. Неколку дена подоцна, ќерката ја пронаоѓа сликата на Интернет, и после 5 години го гледа ликот на својата мајка.

Ова е уште еден доказ дека денес со технологијата многу малку нешта може да се класифицираат како невозможни и дека Интернетот може да ги зближи и поврзе луѓето кои долго се разделени.

(via PetaPixel)

Напишано од

Горјан Јовановски е веб-мобилен девелопер кој од неодамна се пресели во Амстердам да ги продолжи своите студии. Активен е во македонската Mozilla заедница. Повеќе има на <a href="http://gorjan.rocks/">неговиот сајт</a>

Мени
Заедница
Изглед
To top