Девојките се почесто играат игри

На последниот Е3 големото трио Microsoft, Sony и Nintendo објавија податок дека имаат пораст на играчи од женската популација. И ако пред десетина години гејмингот можеше да се смета за „машки“ спорт, според изложените информации на пресовите на „големата тројка“ 40% од играчите сега се девојки. И покрај тоа што свој дел во порастот на девојки гејмери има подобрувањето на квалитетот на игрите, најголемото влијание секако е од истражувањето на пазарот. Со оглед на тоа дека парите кои се вложуваат и добиваат од видео игрите значително пораснаа последниве десетина години, идејата на дизајнерите е игрите да стигнат до што е можно поголема публика. Со порастот на пазарот се отвори можност и за девојки дизајнери на игри кои можат да го променат погледот на тоа како се гледа врз „гејмерките“ од внатре.

Дизајнерите мора да бидат искрени и да признаат дека најчесто се брукаа со игрите за девојки од типот на: Petz Horses , Barbie, Partie Babyz и слично. Мое лично мислење е дека првата игра која беше направена подеднакво за двата пола е Sims. Ако по некое чудо не знаете за што станува збор Sims е прилично симплифицирана симулација на едно секојдневие. Креирате аватар и се грижите за неговите потреби: храна, хигиена, забава, работа и слично. Играта беше креирана подеднакво за секого. Затоа не е ни чудо што Sims и Sims 2 се најпродавани игри за PC до сега.

Вистина е дека девојки гејмери имало од секогаш секако не во волкав број, ама секогаш биле на исто ниво со момците, сигурен сум дека до сега сите сте ја слушнале приказна за девојчето кое играло Counter Strike во Setnet. Следната изјава е пренесена од девојка гејмер и блогер која подолго време игра шутери, а се однесува на нејзиното искуство во овој „спорт“.

„Да се биде женски гејмер дефинитивно не е лесно. 99% од моите пријатели во XBL се мажи и јас морав да станам ‘еден од момците’. Не ми е проблем тоа, но мора да се навикнеш да слушаш за сексуалниот живот, и груби шеги меѓу друготи. Јас можам да се справам со тоа, но многу девојки не. Кога сум во гејминг лобито навстина е глупаво кога сфатиш дека си единственото женско. Слушам често ‘девојките не треба да гејмаат’ и навредливи имиња. Се навикнуваш, но сепак те навредува. И, зависно од со кого играм во моментот, момците со кои сме или ме бранат или ме отркнуваат. Не е важно дали си добар или лош играч, секогаш ќе чуеш дека си лош гејмер или дека си мамела.“ – Морган Џ. Ист.

Од моите ММО искуства девојките се поденакво добри гејмери како и машките и тоа и PvP и PVE. Стереотипот дека девојките се незаинтересирани и лоши за PvP како и тој дека најчесто играат класи кој лечат се погрешни. Играат и DPSери и танкови, буфери и дебуфери и во некои улоги подобро се снаоѓаат од нас. Знам и за девојки кој биле или сеуште се лидери на гилдови кои котираат на првите места во World of Warcraft, Perfect World, Allods … Стеретип кој е валиден е дека девојките повеќе се грижат за изгледот на каракерот кој го контролираат од машките, меѓутоа во најголемиот број на случаи не на штета на квалитетот на играње.

Последниве неколку години најголемиот број на игри кои, не се „character driven“, имаат изброј помеѓу карактери како и целосна гласовна покриеност за женски карактери. Од друга страна женски карактери во главна улога во игри имало од секогаш Lara Croft или Princess Zelda, ама не за да се привлече женската популација туку како подршка на приказната во игрите. Силни женски карактери во видео игрите како подршка на приказната има и уште повеќе Sarah Kerrigan(Starcraft), Alyx Vence (Half-Life 2), Farah(Prince of Persia) и многу многу други.

Целава приказна не би била комплетна без претставување на неколку (мои омилени) карактери од видео игри.

Rayne (BloodRayne)

Rayne креирана од Majestico Entertainment е протагонист во играта BloodRayne, креирана е откако истражувањата покажале дека момчињата сакаат секси женски протагонисти. Reyne е женска верзија на Blade, со мрачно расположение, стегната црна кожна униформа, два меча во раце и заштитниот знак црвената коса. Reyne е првиот карактер од игри кој се појавил во Playboy.

Sarah Kerrigan (Starcraft)

Можеби најдобро креираниот карактер од Starcraft, поранешен човек кој сега е хибрид помеѓу луѓето и зергите кој го води јатото и е главен антагонист во StarCraft до сега. Најголем дел од Kerrigan е под влијание на митолошкото суштество медуза. Според web-порталот womengamers.com, Sarah е „една од најубедливите трагични и забавни ‘лоши жени’ … што се видени во компјутерска игра”.

Lara Croft (Тomb Rаider)

Најзабележителната девојка протагонист до сега Lara 15 години ги забавува гејмерите насекаде. Симпатичниот, атлет археолог која во најголем дел мора да ја користи својата интелегенција за да ги реши случаите и загонетките е омилен женски лик на најголемиот број PC гејмери. Сигурен сум дека кога во Eidos Interactive го креирале карактерот на Lara ни во најлудите соништа не претпоставиле дека по 15 години Lara ќе биде највлијателниот женски карактер во индустријата.

И покрај тоа што беа потребни повеќе од 11 години, мажите и жените се скоро исто застапени како играчи на видео игрите. Па ако до сега и сте биле сомничави, моето мислење е дека не постои разлика помеѓу машки и женски гејмери, единствената разлика која можете да ја правите е помеѓу добри и лоши гејмери,

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments