1 коментар 1 мин. читање 9 јули, 2011

Објавете статус на Google+ и Facebook во еден чекор

Продолжува потрагата по начини да се синхронизираат Facebook и Google+… со Google+ добивме уште едно место *плус* на кое треба да објавуваме статуси и да бидеме активни, но благодарение на упорноста на некои корисници, откривме дека постои начин како со мал трик да си ја олесните работата и со “еден удар да утепате две муви” при објавување на статуси.

За да објавувате еден ист статус на Facebook и Google+ без инсталирање на додатоци се што треба да направите е да појдете на http://facebook.com/mobile.

Во долниот лев ќош ќе видите и-мејл адреса која завршува со @m.facebook.com.

Запишете го и-мејлот, и префрлете се на Google+. Тука препорачливо е да направите нов круг и да ја додадете таа и-мејл адреса во него како контакт, или пак да ја вметнете во веќе постоечки круг.

Потоа едноставно напишете некој статус и одберете да го споделите со новата група за Facebook (не заборавајте да штиклирате “Also e-mail 1 person who is not yet using Google+”), и проверете си го вашиот Facebook ѕид каде што ќе е објавена новата порака.

Иако овој трик работи одлично сега за сега, проблемот е во тоа што има свој лимит од само 45 каракери. Тоа е поради фактот што Google го вметнува статусот во Subject делот на емаил пораката која ја испраќа, но го лимитира на 45 карактери, а Facebook истиот го влече од Subject делот.

Можеби понатаму Google+ ќе дозволат поголеми пораки да се испраќаат преку и-мејл пораките па ќе биде решен и овој проблем.

Доколку знаете друг начин за испраќање статуси од Google+ на Facebook или обратно, споделете со нас во коментарите :)

Напишано од

Горјан Јовановски

Горјан Јовановски е веб-мобилен девелопер кој од неодамна се пресели во Амстердам да ги продолжи своите студии. Активен е во македонската Mozilla заедница. Повеќе има на <a href="http://gorjan.rocks/">неговиот сајт</a>

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Steff_Maja
Steff_Maja
15 years ago

Хаха, јака работа. Функционира и кај мене.

Мени
Заедница
Изглед
To top