0 коментари 2 мин. читање

Интервју со српскиот Taksiko, победници на европскиот Startup 2.0

Тaksiko, апликација сè уште во развој, е креирана од Godzilion, стартап компанија на четворица млади, „перспективни и истрајни“ програмери и дизајнери од Србија – Млаѓан Антиќ, 22, Дејан Чанчаревиќ, 22, Марко Цветковиќ, 21, и Арсеније Ќатиќ. Eве што велат тие за идејата и за стартап сцената во регионот:

Meet Taksiko from Godzilion on Vimeo.

Од каде идејата за Taksiko?

Идејата настана на почеток на минатата година. Размислувавме како би било супер да со притискање на едно копче на телефонот „повикаме“ такси од било каде. Таа идеја доживеа пар промени и стана цел сервис кој ќе реши доста проблеми.

Дали со победата на Startup 2.0 ќе излезете надвор од Србија?

Победата на Startup 2.0 ни направи страшна промоција и мислиме дека ќе ни помогне во идните претставувања. Секако, не сме ни на нула и ни претстои уште многу, многу работа.

Taksiko и Trambus, прво и второ место на Startup 2.0 се од регионов. Каква е вашата оценка за стартап сцената?

Чини се дека целата сцена е во развој. Мислам дека има доста добри идеи и супер људи, само како да им фали некаква мотивација која ќе ги размрда. Би сакале да за пар години видиме стартапи кои ќе цветаат како на запад.

Дали има публика за стратапите во регионот, односно дали се доволно луѓето запознаени со технологијата да ги користат овие апликации?

Дефинитивно да. Кај нас во последните година-две е приметлива експанзијата меѓу корисниците на Twitter и Facebook.

Taksiko pitch at Mobile Monday from Godzilion on Vimeo.

Покрај корисниците, има ли компании кои се заинтересирани да користат мобилни апликации? Пример, дали Taksiko лесно наоѓа такси компании за соработка?

Било која компанија ќе се ангажира околу нешто ако види дека има корист од тоа. Сè уште не сме стартувале преговори со компанииите бидејќи сè уште го развиваме производот, но имаме контакт од заинтересирани компании. Тоа е одлично.

Има ли Godzilion креирано други апликации? И кои софтверски алатки користите?

Имамо уште еден производ на кој работиме и комплетно се разликува од Taksiko. Сега е можеби рано да зборуваме за тоа. :) Инаку, мобилните апликации ги развиваме за iOS и Android (за сега) и користиме xCode IDE (Objective-c) за iOS и Eclipse IDE(Java) за Android. Веб серверот е на RubyOnRails.

(повеќе слики од Nonick 2011)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top