0 коментари 2 мин. читање 13 февруари, 2019

Поставен полнач за електрични возила во Скопје Сити Мол

ЕВН ја прошири мрежата на јавно достапни полначи за електрични возила со поставување на полнач на паркингот во Скопје Сити Мол. Мрежата на полначи на ЕВН моментално има повеќе од 40 полначи на располагање.

Полначот во Скопје Сити Мол се наоѓа во жолтата зона на подземната гаража и на сопствениците на електрични возила им нуди можност за бесплатно полнење и паркирање за време на престојот во шопинг центарот.

“Скопје Сити Мол како најголем шопинг центар во Македонија и регионот, уште еднаш покажа дека е лидер во своето работење. Од денеска официјално сакаме да ја известиме јавноста дека секој кој поседува електричен автомобил може истото да го полни во Скопје Сити Мол, без надомест. Голема благодарност до ЕВН што ја препознаа потребата да се постави ваков полнач во Скопје Сити Мол со оглед на тоа што електромобилните возила се иднината на автомобилската индустрија знаејќи дека овој тренд полека но сигурно доаѓа кај нас и регионот.” – изјави Валентина Николовска, менаџер за комерцијализација на Скопје Сити Мол.

Сите сопственици на електрични возила ќе може да ја користат станицата откако претходно ќе поднесат барање за електронска картичка за полнење и картичка за паркинг. Барањата за двете картички можат да се поднесат во Скопје Сити Мол на е-маил адресата [email protected] . За повеќе информации сите заинтересирани можат да се обратат во контакт центарот на Скопје Сити Мол, на телелефон 072/256-913.

Бројот на електрични автомобили на европско ниво од година во година расте, а како земји во кои најмногу се продаваат се секако високоразвиените европски земји, односно Норвешка и Германија. Продажбата на ваков тип автомобили во Македонија е значително помала, но бележи пораст и наскоро според експертите се очекува во континуитет да се зголемува.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top