7 коментари 2 мин. читање

Викимедија Македонија реагира на Отчетот на ВМРО-ДПМНE

Во моментот кога е потпишан меморандумот за овој проект на Министерството за информатичко општество, а тоа е крајот на 2009 година, Википедија на македонски јазик имаше околу 35.000, а не 16.000 статии. Овие статии се создадени од македонската вики-заедница, која ја сочинуваат повеќемина доброволци кои секојдневно не само што додаваат нови содржини, туку и ги подобруваат постоечките, како квантитативно, така и квалитативно. Можеме слободно да кажеме дека и по потпишувањето на меморандумот, оваа заедница која макотрпно и несебично се залага за развојот на Википедија на македонски јазик, е заслужна за најголемиот број на нови статии до денешниот датум (вкупно над 45.000). Помал дел од статиите се резултат на самоиницијативниот ангажман на повеќе професори и асистенти од државните и приватните високообразовни институции кои, во соработка со студентите, придонесувале за развојот на Википедија на македонски јазик и пред потпишувањето на меморандумот. Тешко може да се утврди до која мера потпишувањето на меморандумот влијаело врз ангажманот на овој и друг наставен универзитетски кадар, но секако, се надеваме дека во иднина, проектот на МИО, кој опфаќа повеќе државни и приватни институции, ќе биде успешен и ќе даде повеќе резултати.

На крајот, би сакале да потенцираме дека Википедија е проект со глобални димензии и претставува слободна енциклопедија која може да ја уредува секој, и во таа насока, како Викимедија Македонија, ги поддржуваме и охрабруваме сите поединечни и институционални иницијативи за унапредување на слободното знаење.

Со почит,
Викимедија Македонија
03. 05. 2011

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top