0 коментари 1 мин. читање

Лионел Меси се приклучи на Facebook и веднаш собра 7 милиони фанови

По само еден ден од стартување на страната Лео Меси привлече скоро 7 милиони фанови.

„Ви благодарам на бројните пораки што ги добив. Навистина сум возбуден! Од сега ќе бидеме повеќе поврзани преку Facebоок.“, пишува Меси на својот ѕид.

Токму „поврзаноста“ ги натера сите фудбалски играчи т.е. нивните ПР тимови да стартуваат Facebook страни за да споделат подиректни и свои информации со фановите. Доколку се одеше преку официјалните канали на Барселона, која има 12 милиони фанови на Facebook, Меси немаше да може да ги сподели своите Adidas реклами или да сподели лични информации со фановите, пример, некои професионални спортисти ги користат и мобилните да споделат лични фотографии за што прават во моментот. Се со цел да си го промовираат своето бренд име.

За споредба, да се надополни битката која трае цела 2010/11-та сезона, ривалот Кристијано Роналдо има 23 милиони фанови на својата страна.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top