0 коментари 1 мин. читање

Следете го полетувањето на Falcon Heavy со Скопско астрономско друштво

Скопското астрономско друштво организира заедничко следење на полетувањето на ракетата Falcon Heavy. Преносот во живо ќе биде во Кафе Ли.

Falcon Heavy е моментално најмоќната ракета во светот. Ова е прв лет на ракетата, која е во развој веќе 7 години. Ракетата тргнува кон Марс, а на првото патување товар е ни повеќе, ни помалку, туку Тесла Роудстерот на Елон Маск.

Изборот на товар најверојатно треба да ја покаже довербата која основачот на Tesla и Space X ја има во возилото. Поважно, Space X и на NASA треба да и ги покаже можностите на новата ракета.

„Придружете ни се овој вторник (06.02.2018) со почеток од 19 часот, во Кафе Ли, каде во опуштена атмосфера заедно ќе го посведочиме историскиот настан. Пред почетокот, ќе имате можност да дознаете повеќе информации за важноста на ова случување и да поставувате прашања околу сè што ве интересира. Настанот е бесплатен и отворен за сите, а Скопско Астрономско Друштво е во секое време отворено за нови членови. Ве очекуваме!“, велат од Скопското астрономско друштво.

Настанот е закажан за денес со почеток од 19 часот. Летот може да биде одложен, но дружбата во Ли сигурно ќе се одржи. Наместо директниот пренос, посетителите ќе може да гледаат и други поврзани видеа, а секако останува и можност за дружба.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top