UNICEF ги повика гејмерите и е-спортистите да бидат хумани

0 коментари 1 мин. читање

Game Chaingers е плaтформа на UNICEF која овозможува донација преку позајмување на ресурсите на компјутерот. Играчите преземаат софтвер кој автоматски ги носи ископаните криптовалути во новчаникот на Game Chaingers. Овие средства понатаму се донираат на децата од Сирија. Причината поради која UNICEF сака да ги ангажира гејмерите и е-спортистите е нивната страст, па тоа ќе помогне да се рашири веста побрзо. Секако помага и што графичките картички на гејмерите се доволно моќни за копање.

Проектот трае два месеци, а ако сакате да помогнете со копање Ethereum можете тоа да го направите тука. Досега се вклучени 42 контрибутори кои собрале околу 900 евра. До крајот на акцијата има 54 дена.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top