0 коментари 2 мин. читање

Последната компанија која излегува од Alphabet е компанијата за сајбер-безбедност Chronicle

Компанијата која работи на технологија против сајбер криминалот, Chronicle, е последна компанија која излегува од Alphabet. Оваа компанија излегува од Moonshot проектите на X Labs од која излегоа и автономните возила и Project Loom.

Директор на новата компанија Chronicle е Стивен Жилет, поранешен шеф на безбедност во Symantec и Starbucks. Во новата компанија влегуваат и најдобрите инженери за комјутерска безбедност од Google, пренесе Fortune. Компанијата од Google работи на развој на систем за безбедност преку вештачка интелигенција и „big data“. Дел од Chronicle е VirusTotal компанијaта која е дел од Google од 2012 година.

Chronicle своите услуги ќе им ги понуди на повеќе компании. Според г. Жилет, дел од Fortune 500 компаниите ја тестираат технологијата на компанијата.

„Софтверот треба да помогне да се решат вообичаените проблеми на ИТ и безбедносните професионалци. Преоптовареноста со безбедносни аларми кои секојдневно ги добиваат за потенцијални грешки и пропусти. Нивната работа ќе биде полесна ако може да се филтрираат лажните аларми да се фокусираат на најважните. Со користење на машинско учење за да се селектираат и сегашните и старите коорпоративни податоци софтверот треба да ја прикаже само најголемата опасност“, вели г. Жилет.

Софтверот треба да им помогне на тимовите за безбедност во компаниите за полесно справување со проблемите. Технологијата ќе помогне да се разделат вистински опасните аларми од оние кои се помалку опасни. Со оглед на тоа дека во најголем дел на компаниите капацитетот на овие тимови е ограничен, вештачката интелигенција ќе помогне за поголема безбедност.

Технологијата може значително да му помогне на облак сервисот од Google, во натпреварот со Microsoft и Amazon.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top