0 коментари 2 мин. читање 26 јануари, 2018

Најголем дел од компаниите кои одлично поминуваат на берзата никогаш не биле „еднорози“

Дури 75% од компаниите кои поминуваат најдобро при излегувањто на берзата не биле таканаречени „еднорози“. Еднорог компаниите се стартапи кои се проценети на над 1 милијарда долари. Ова го покажува анализата од компаниите на последните 4 години, која ја направи Џеф Ричардс партнер во GGV Capital.

Анализата на г. Ричардс покажува дека компаниите кои во првите неколку години не стигнале до проценка од над милијарда долари не треба премногу да се грижат. Ова важи и за компаниите кoи се размислуваат да излезат на берза, но стравуваат поради малата процена.

Image courtesy of Jeff Richards / LinkedIn

„Од 2014 година до денес, компаниите кои излегле на берза со проценка под 1 милијарда долари поминувале подобро од оние кои биле проценети над 1 милијарда. Од 20 топ комании на берза, 14 биле проценети под 1 милијарда долари. Медијаната на проценката е 668 долари, а пет од компаниите биле проценети под 500 милилиони доалри“, вели г. Ричардс.

Сепак, првите 3 компании на оваа листа, Weibo, Shopify, Arista Networks пред излегувањето на берза беа проценети над милијарда.

Причините поради кои на овие компании се гледа со помала благонаклоност се следниве :

  • Овие компании не се интересни за инвестициските банкари.
  • Има многу работа која треба да се заврши за излегување на берза. Помалите компании треба да потрошат една година и 2 до 3 милиони долари.
  • Помалите компании не мораат да излегуваат на берза и може да се финансираат од приватен капитал.
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top