127 коментари 2 мин. читање

Интервју со Mарко Чаласан, ИТ личност на годината

Приоритет на Марко му е проектот за пренесување HD видео преку слаба мрежа. Веќе има снимено околу 20 видео лекции за Windows, поделено на 3 дела, за апсолутни почетници, почетници и тие што повеќе разбираат. Лекциите, околу 50-тина, ќе им бидат понудени на училиштата низ Македонија да ги користат на своите предавања.

Според него, информатиката во училиштата се уште не е доволно застапена. Вели, компјутерите во училиштата ретко се користат за предавањата.

„Или ги вклучите сите или ниту еден. Не така пола-пола.“, вели тој додавајќи „Јас би користел информатика за сите предмети. Децата знаат по малку информатика. Facebook сите знаат, можеби затоа се плашат и да ги пуштат компјутерите :), но знаат и други работи од основа до посериозни работи.“

За да може официјално да презентира лекции, Марко планира да го земе MCT сертификатот на Microsoft со што би станал и официјален тренер. Овој сертификат би го додал во колекцијата сертификати кои се за креирање и одржување компјутерски мрежи.

„Сертификатот е за официјален тренер, да можам да направам видео и да го презентирам тоа. Во моментот тоа се лекциите за Windows.“

Во меѓувреме Марко започна да го учи програмскиот јазик C велејќи „и двете ми се интересни. Се уште учам програмирање, но и двете, мрежите и програмирањето, никогаш не би ги оставил.“

Видео игри не игра, ја отфрли Call of Duty велејќи „не ме зафркавај“, но затоа игра FarmVille. Сепак технологијата му е поинтересна, и често ги запоставува растенијата. Неодамна си играл со iPhone 3, од кој е фасциниран. Телефонот му го дале Дуле и Коки бидејќи им помогнал со компјутерот, a еднаш им спречил и phishing Facebook измама. Омилена апликација му е, очекувано, SpeedTest, апликација за мерење на брзина на мрежа.

„Си играв со телефонот и сакав да го рестарирам системски. Па рестор ми направи и апдејт во четворка и не ми работешe на мрежата. Ама мислам дека ги излажав Apple серверите дека го реставрирам во 4.2.1 но всушност го апдејтирав во 4.0 менувајќи го фајлот за информации. Но, пак не ми работи бидејќи е четворка.“

Десетгодишниот генијалец продолжува да учи и експериментира со технологијата. Сега за сега му оди одлично. Ќе оди во Цирих спремен да прифати работа во Google, иако Microsoft му е при срцето; за Linux вели дека е „катастрофа“, а можеби најголемиот проблем му е ликовно бидејќи „кога ќе видиш еден од моите цртежи, ќе ти биде јасно зошто имам слабa оценкa“.

Повеќе фотографии од Марко на Facebook профилoт на IT.com.mk.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

127 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top