3 коментари 1 мин. читање

Среќен 10-ти роденден Википедија!

На настанот во Ла Кања, во Скопје, направен од средба, презентации и потоа забава, се спомена дека Википедија не треба да се користи како релевантен извор, бидејќи нели секој може да придонесе, да едитира и да менува, но факт е дека онлајн енциклопедијата станува извор на знаење кој сите ние го користиме скоро секој ден.

Настанот ги собра на едно место три организации кои промовираат слободни информации, кои направија по една презентација. Википедија на македонски го претстави концептот на енциклопедијата како сите ние може да придонесеме. Не мора цел текст, но може да се започне со краток пасус и референца, пасус кој подоцна ќе биде проширен и едитиран од други и други и други корисници што ќе доведе до еден обемен информативен текст креиран во вики духот. Презентацијата на Слободен софтвер Македонија беше посветена на „Ширење на хакерскиот дух“, додека Метаморфозис фондацијата го претстави Wiki.mk проект наменет за собирање информации за локалните општини.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top