57 коментари 2 мин. читање

Македонија ја очекува бран од групни купувања, пристига и Grouper.мк

Grouper.мк е веб сервис кој нуди дневни попусти над 50% за разни локални зделки, но само доколку се соберат одреден број луѓе кои ќе ја прифатат зделката. Пример, Grouper нуди 50% попуст за билет за кино за 20 луѓе. Вие плаќате, парите ви се резервираат, и чекате да се соберат 20 луѓе за попустот да биде успешен. Ако се соберат доволен број на луѓе, тогаш имате ефтин билет. Ако не се соберат, парите ви се враќаат.

На понудата ќе се најдат ресторани, театри, кина, спа центри, салони за убавина, продавници, специјални настани, спортски активности… а за почеток, првите посетители ќе можат да добијат панорамско летање со балон над Скопје. Првите понуди ќе бидат само од Скопје, но потоа ќе следуваат и другите градови.

„По деталните анализи и следење на американскиот пионир во оваа област, кој всушност го постави трендот на групното купување и дневните зделки, groupon.com, а воедно и анализата на нашиот пазар, сметаме дека има потенцијал за еден ваков сајт во Македонија. Всушност и не треба детални анализи за да ви стане јасно дека простор за веб сајт кој нуди огромни попусти од 50% до 90% има во било кое време, на било кое место, а особено во период на рецесија. На почеток не загрижуваше прилично нискиот број на онлајн купувачи во нашата земја, но јасно ни е дека многу наскоро ова ќе се промени. Со еден ваков веб сајт токму и кон тоа целиме.“, вели Нина Ангеловска од Webspot.mk, компанијата зад Grouper.mk.

Што се однесува до конкуренцијата со Kolektiva, Нина вели дека тоа е позитивно нешто бидејќи ќе има поголем ефект кон подигање на свеста за групните зделки и дека двата сервиси ќе нудат различни работи што ќе понудат повеќе избор на потрошувачите.

Grouper.mk е проект на фирмата Webspot.mk, чии проекти се и порталот за ноќен живот – kadevecer.com.mk, портал за мажи – men.mk и огласникот duskalo.mk.

Што е Grouper? from Grouper.mk on Vimeo.

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Коментари

57 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top