„Сега го користиме Google Translate да прикажеме опција за Tweet преводи во деталите за да им дадеме на луѓето поголем пристап до што другите зборуваат ширум светот.“ вели Twitter во блог пост во кој покрај преводите најави дека сега локални Trending теми ќе бидат достапни за уште 13 земји.
Во тие земји ја нема Македонија, но барем преводите се одлична вест за споделување повеќе информации со повеќе луѓе од светот.
Twitter преводите стартуваат со мала група корисници, а ќе бидат достапни за сите во следниве неколку недели.