0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: AllWеb стартува серијал на предавања за дигитален маркетинг и бизнис

Македонската конференција за дигитален маркетинг, AllWeb.mk, започнува со серијал на „meetups” на кои ќе гостуваат реномирани локални и регионални експерти. Првиот настан е закажан за 18-ти април во Јавна Соба Скопје. Темите на кои ќе се зборува се од дигиталните комуникации, маркетинг и бизнис; иако првиот собир, кој е бесплатен и се поканети сите заинтересирани, ќе биде за групното финансирање, подобро познато како crowdfunding. Гостин е Хрвоје Хафнер, автор на блогот crowdfunding.hr и балкански пионир за дигитален маркетинг со пет годишно искуство во групно финансирање на проекти кои собрале над 130.000 евра.

Crowdfunding e популарна тема на интернет бидејќи овозможува да се финансираат креативни проекти од поголем број на луѓе, и во средина како Македонија, во која нема многу инвеститори кои се подготвени да одат на ризик, групното финансирање се појавува како добра опција за многу компании. „На настанот нашиот гостин Хрвоје ќе зборува за основите на crowdfunding и како тој ја менува финансиската индустрија, но и кога да започнете и како да реализирате кампања за групно финансирање и каде да го најдете вистинските поддржувачи“, вели Дарко Булдиоски од New Media MK, кои се организатори на AllWeb.

Првиот AllWeb meetup е организиран заедно со едукативната платформа Brainster, и иако е отворен настан, сепак сите заинтересирани треба да се регистрираат на сајтот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top