0 коментари 3 мин. читање 6 април, 2016

Денес се одржува третото IAB Café

IAB Café е одлична можност за запознавање со успешни интерактивни кампањи, добри практики и нови иновации на домашниот дигитален пазар.

Здружението за интерактивно огласување IAB Македонија, по трети пат ќе го одржи настанот IAB Café каде што преку успешни локални примери и студии на случај ќе ѝ помогне на бизнис заедницата подобро да се запознае со дигиталното огласување.

Целта на овој настан е преку домашни примери да се покаже моќта на дигиталните медиуми и алатките за интерактивно огласување и да се помогне во развој на македонскиот дигитален пазар на огласување.
На третото IAB Café своите успешни студии на случај од областа на интерактивното огласување ќе ги презентираат:

FB-cover-iab-cafe-3

  • Ира Стефанов Бабиќ, претставник на агенцијата Brand Union, на тема “Гранап у наше маало” каде што ќе зборува за примената и важноста на друштвените канали во една маркетинг стратегија, и
  • Филип Младеновски, претставник на агенцијата Universal Media, кој ќе го објасни користењето на интерактивното огласување за постигнување на целите на проектот “Vip – партнер на македонскиот ракомет”

Настанот ќе се оддржи во Траториа да Галиа (на ул. Водњанска бр. 1) во Скопје на 7-ми април со почеток од 17.30 ч.

Освен членовите на IAB Македонија, на настанот се поканети и сите компании кои сакаат со нив да разменат искуства и корисни информации поврзани со дигиталното огласување. Влезот е бесплатен, но поради ограничениот капацитет на локалот, потребно е вашето место да го резервирате на [email protected]

ЗА IAB МАКЕДОНИЈА
IAB Македонија е здружение за интерактивно огласување, посветено на развивањето и унапредувањето на дигиталното огласување во Македонија. Здружението е формирано од страна на повеќе дигитални и маркетинг агенции во Македонија, а има за цел да стане почитуван авторитет за дигиталните и интерактивните прашања на пазарот.

Ова е промотивен текст за IAB Македонија, здружение во кое членува и IWM Network.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top