1 коментар 1 мин. читање

ИТ настан: Млади Инфо организира Награда за социјално претприемништво 2016

Награда за социјално претприемништво 2016 е натпреварот организиран од Млади Инфо за македонските студенти кои треба да претстават иновативни општествени решенија. „Нашата мисија со наградата е да се зголеми интересот меѓу младите за социјалното претприемништво и преку него тие да ги спознаат можностите за развојот на сопствената кариера“, вели организацијата.

Натпреварот се одржува по втор пат, а иако лиценцата за одржување ја има Млади инфо, настанот сепак е инициран и основан од Универзитетот за бизнис и економија од Виена и Impact Hub.

Покрај натпреварите, далеку поважен дел е едукативниот во кој се предвидени работилници за учесниците. Првите работилници започнуваат веќе следниот месец, а ќе се организираат во Скопје, Битола, Гостивар, Охрид, Тетово и Штип. Во текот на оваа фаза учесниците ќе започнат со креирање на идеја, но и нејзин развој до решение кое веќе би можело да се имплементира. За најдобрите се предвидени награди, и можност за патување во Виена на презентација, менторство и инкубација за финализирање на развојот на решението.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top