0 коментари 2 мин. читање 26 јануари, 2016

Crash Safari e шега која не треба да ја кликнете

Crash Safari е сајт кој треба да е шеговит, но најверојатно повеќе ќе ве изнервира отколку што ќе ве насмее. Посетата на „шеговитата“ веб-страница ќе ги „заглави“ iPhone, iPad и Mac корисниците, а од лично искуство ни се случи да го сруши и Chrome. По отворањето на се креира самогенерирачки стринг во адресата, а по 20 секунди ова ќе го рестартира iPhone поради прегревање. Истото се случува и со iPad и со Mac. Crash Safari „функционира“ и на Android телефони, предизвикувајќи прегревање и забавувајќи ја работата. Кај десктоп компјутерите ситуацијата е слична.

За среќа решението на проблемот е едноставно, па рестартирањето на уредот го решава проблемот на iOS или OS X, за Android и за десктоп е доволно да го затворите Chrome. Доколку сметате дека нема премногу корисници кои се излажале да притиснат на некој од линковите, не сте во право, така само еден од линковите има над 100.000 посети, јави Guardian

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top