0 коментари 1 мин. читање

Започнува третиот е-саем за кариера

Компаниите ќе можат да постават виртуелни штандови за промоција за сите над 8.000 посетители како и да објават огласи за пракси и вработувања. Исто така, преку форумите ќе можат да комуницираат со посетителите.

Е-саемот е организиран од Националната програма за практикантска работа и вработување – Моја Кариера, поддржана од USAID Проектот за конкурентност. Од таму велат дека на досегашните два саеми учествуваа над 100 репрезентативни компании од сите дејности, беа објавени над 30 слободни и многу повеќе практикантски места, активно учествуваа над 400 заинтересирани кандидатити, а уште 2.000 интерактивно ги следат комуникациите со кандидатите и преставниците на компаниите.

Тука ќе најдете поопширно интервју кое го направивме за првиот саем за кариера.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top