2 коментари 1 мин. читање

Надополнето: iPhone 4 пристигна во Македонија

</надополнување>
T-mobile на својот сајт и преку newsletter мејлови го најави пристигнувањето на iPhone 4, најновиот паметен телефон на Apple кој беше пуштен во продажба на почетокот на јуни.

Од Т-mobile не кажуваат конкретен датум кога ќе го има iPhone 4, најблизок одговор е од Facebook каде велат дека ќе пристигне „мнооогу наскоро“.

Гледајќи ги тарифите на T-mobile за неговиот претходник 3G, претпоставувам дека iPhone 4 би требало да чини меѓу 20 и 30.000 денари, додека со претплати цената доаѓа меѓу 900 и 3.600 денари зависно од пакетите.

Неодамнешната голема вест во САД поврзана со Apple-овите уреди е што jailbraking на уредитe стана легално. Јailbrake дозволува промена на оператор на iPhone и додавање не-iTunes апликации. Од Apple подршката за корисници воопшто не разговараат за тоа, велејќи не го поддршуваат процесот, додека од T-mobile.мк одговорија дека гаранцијата не важи по jailbrake на телефони.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top