МK Transport доби нов дизајн за полесно да најдете превозник

во ИТ.МК

МK Transport го редизајнираше својот сервис за полесно да може да најдете превозник од меѓуградските автобуски и железнички станици. Засега редизајнот е единствено на веб страната, но креаторот на сервисот, Бранко Димитријоски, вели дека наскоро ќе бидат надградени и мобилните апликации за Android и Windows Phone.

mktransport1

Сајтот сега е со responsive, прилагодлив дизајн, што значи дека ќе биде подеднакво корисна и лесна за навигација на големите и на помалите екрани. Новина е додавањети на повеќе нови страни кој овозможуваат преглед по автобуски или железнички станици, авто-превозници и слично. Страните на станиците доаѓаат со мапа и со куси информации, a страните на превозниците имаат информации за локациите до каде вршат превоз и распоред на возните линии. Страната сега веќе е повеќејазична, па корисниците можат да пристапат на англиска и на македонска верзија, иако недостаток е непостоењето на јазик на дел од граѓаните на Македонија, пример албански, српски или турски.

Дизајнот на страната покрај промените останува близок со претходниот, па постоечките корисници не би требало да имаат проблеми при навигацијата. Тимот зад MК Тransport се погрижи искуството да остане исто, па дури и боите на страната се непроменети.

mktransport

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Александар
10 years ago

Веб сајтот е супер. Јас ја користам апликацијата за Windows Phone. Штета што нема многу .мк апликации за Виндоус. Јас знам само за оваа и МК Вести (неапдејтирана) од Семос. Постојат други?

види ги сите огласи на kariera.it.mk