Стартап алатки од Brainster: Одеднаш пишувањето стана лесно

во Совети

Image courtesy of stocksnap.io

(„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Кога и да пишувате било каков текст на англиски постои дилема – дали сѐ е граматички точно напишано. Особено кога се работи за службени документи или содржина која треба да ја објавите на вашиот блог или бизнис сајт. Бидејќи не секогаш имате време да се консултирате со официјален преведувач тогаш зошто да немате личен помошник секогаш покрај вас. Да токму така… запознајте го Grammarly.

Grammarly e алатка која ќе ве следи додека пишувате и ќе ги поправа сите ваши грешки, печатни и граматички. Со Grammarly ќе ги елимимирате сите грешки и ќе го подобрите значењето на она што сакате да го напишете. А најдоброто од се е што можете да го користите буквално секогаш. Само со инсталирање на екстензија на вашиот пребарувач ќе може да го користите Grammarly кога пишувате мејлови, постирате на социјални медиуми, креирате блогови па дури и кога разговарате со вашите пријатели. Најдоброто од сѐ е што можете да го инсталирате на вашиот компијутери и да работите во Word дирекно од вашиот десктоп.

Screenshot_of_Grammarly_website

Основната верзија на Grammarly е целосно бесплатна за користење па подобро да ја пробате веднаш. Доколку сте прилично добри во англискиот јазик и имате потреба од само неколку поправки тогаш основната верзија дефинитивно ќе ви заврши голема работа. Но доколку имате потреба од постојана помош, па дури 24-часовна поддршка, 7 дена во неделата како и преку 250 типови на проверки можете да си ја обезбедите премиум верзијата која ќе ве чини 30 долари месечно или 12 долари доколку уплатите за цела година однапред.

Grammarly исто така нуди и можност и да ја проверите оргиналноста на вашите содржини. Пребарувачот за плагијат на Grammarly за многу кратко време ќе провери колкав процент од вашиот текст е оригинален или веќе постои некаде на некоја друга веб страна или блог. Што мислите, дали би ја користеле оваа алатка?

Среќно,
Brainster заедницата

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Frontend Developer

Visualgest Skopje

UI/UX designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk