1 коментар 1 мин. читање

Twitter има над 145 мил. корисници, мобилното користење е во пораст

Twitter пред некое време се ангажираше и објави официјални мобилни апликации за Android, iPhone и други уреди. Mобилното користење е природно за сервис ограничен на 140 карактери и брзо објавување на кратки информации, така официјалните клиенти станаа успешен проект, мобилното користење на сервисот се зголеми за 62 отсто, а 16 отсто од новите Twitter корисници доаѓаат преку мобилните платформи.

„Како што се надевавме во април, овие клиенти донесоа повеќе луѓе на Twitter, и, уште подобро, тие ги привлекоа и одржаа активните корисници. Всушност, за 46 отсто од активните корисници мобилното користење е редовен дел од Twitter искуството.“ вели г. Вилијамс.

Тој објави и статистика како корисниците го користат Twitter. 78 отсто од луѓето твитаат преку twitter.com, потоа следува мобилната верзија на сајтот, па, интересно твитање преку SMS и клиентите за мобилните телефони iPhone и Blackberry.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top