0 коментари 3 мин. читање 9 јуни, 2015

Доделена првата награда за Twitter поезија на 52-рите Рацинови средби

Поетската манифестација Рацинови средби ги прифати друштвените мрежи како нов медиум преку кој може да се раскаже убава љубовна приказна во 140 карактери. Добитник за наградата најубава Twitter љубовна порака е Рамадан Рамадани, кој во краток твит напиша „Мина ти, се одминавме ние, заминав јас. Минато, но не ни помина. Таму сме уште, чекајќи иднина“. Наградата на г. Рамадани ќе му биде доделена на отворањето на 52-рите Рацинови средби во Велес на 11-ти јуни.

Сите љубовни Twitter пораки испратени на конкурсот на манифестацијата може да ги најдете на хаш-тагот #рс.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top