Паметните телефони се моќна алатка во рацете на активистите, и одличен медиум за граѓанското новинарство за да се сними полициска бруталност, воен злочин или разните повреди на човековите права. Но, често овие снимки се отфрлани од судовите, бидејќи е тешко да се докаже веродостојноста на настанот.
Затоа лондонската International Bar Association ја стартува EyeWitness, нова Android апликација со која се креираат автентични фотографии и снимки кои ќе послужат како доказ. Апликацијата овозможува брзо и едноставно сликање/снимање на слики, аудио или видео содржина и нивно споделување до надлежните кои потоа можат да спроведат истрага. Сликите и видеото се означени со времето и GPS локација, а доказите се криптираат и испраќаат директно до властите.
Мета податоците се додаваат на содржината при нејзиното фотографирање, а потоа истите може да бидат испратени од побезбедна локација. Софверот доаѓа со копче „паника“ со чие притискање се бришат сликите, но и самата апликација. Дополнително апликацијата доаѓа со опција која овозможува бришење на видеата и сликите веднаш по нивното испраќање.
„Нема да има ниту трага окоја би покажала дека некое видео било на телефонот,“, вели Јан Мекдугал од LexisNexis за Guardian. „Тим од адвокати од IBA во Лондон ќе ги прегледа испратените докази и ќе одлучи дали може да се започне случај пред Меѓународниот трибунал за воени злосторства“.
EyeWitness во моментов е достапна единствено на Android, но веќе се најавени верзии за повеќе платформи.








