0 коментари 1 мин. читање

Неколку кул илустрации од Tања Вукобрат, инспирирани од видеоигрите

Тања Вукобрат е македонска илустраторка, a љубителите и креаторите на видеоигри најверојатно ја препознаваат од последниот Global Game Jam, каде оваа година беше илустратор во тимот кој ја освои првата награда. Покрај цртањето, Тања е фан на видеоигрите, па освен во нивниото илустрирање дел од времето поминува играјќи ги. Таа во иднина планира да направи и сопствена видеоигра, но за сега со тимот работи на концептот и на приказната.

„Инспирација ми се видеоигри, филмови, аниме, музика, сттарипови итн. Желба ми е да работам како илустратор за игри, а најмногу сакам да креирам концепти за карактери, исто така играм игри и затоа секогаш биле голем дел од инспирацијата“, вели Тања. Нејзините илустрации можете да ги следите на Facebook страната Tanja Vukobrat Art и на Artstation. (Tnx до GG.mk за линкот)

(All images are courtesy of Tanja Vukobrat Art/Facebook)

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top