0 коментари 1 мин. читање

Cheero e минијатурен полнач за куп уреди

Cheero Power Plus 3 e полнач за телефони и таблет компјутери кој доаѓа со 13.400 mAh батерија која корисниците можат да ја користат за да продолжат со користење на своите уреди откако батеријата ќе се испразни. Полначот е со димензија од 9.5х7.6 cm, доаѓа со две порти за полнење, едната 2,4 ампери за полнење на таблет компјутери, а другата 1 ампер за полнење телефони. Батеријата ќе може да ги наполни телефоните и до петпати, велат од компанијата, а истовремено може да полни телефон и таблет компјутер, вели ZDNet. Полначот чини 30 долари, доаѓа со microUSB кабел за полнење, а за време на промоцијата и со Lightning конектор за уредите од Apple.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top