0 коментари 1 мин. читање 10 март, 2015

Aпликација на денот: Zegin објави iOS потсетник за терапија

Aптека Zegin сега има iOS апликација која може да се користи како потсетник за терапија. Апликацијата е прилично едноставна, и со тоа мислам дека не се работи за којзнае каков сервис, туку едноставно за брендирана апликација преку која се промовираат лекови, услуги како достава на лекови, со мапа за локации на аптеките.

Но, има неколку интересни алатки кои се навистина корисни, како алатка за пребарување на упатства за лекови во случај да сте го изгубиле упатството или ве интересира нешто повеќе. Апликацијата има баркод скенер за скенирање на лековите, при што ќе добиете упатство за како се користат. Една од поинтересните опции е секако потсетникот за терапија, кој може да биде корисна алатка посебно ако треба да земете лекови неколку пати во текот на денот.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top