Apple на претставувањето на паметниот часовник Apple Watch, го претстави и најтенкиот MacBook. Лаптопот доаѓа без спектакуларен хардвер, со нов дисплеј од 2304х1440 и 30 отсто намалена потрошувачка, и подобар тачпад. Овие надградби во однос на претходните модели не се доволно да ја оправда превисоката цена на новиот лаптоп
Но, новиот MacBook доаѓа со два интересни новитети – сегментирани батерии и USB Type-C приклучок.
Лаптопот е 13,1 mm тенок, со батеријата која може да работи 9 часа со WiFi сурфање, или 10 часа гледање на видео. Ова е овозможено од новате технологија за изработка на батерии, условно кажано „сегментарани батерии“ со кои во секој празен простор може да се вметне батерија. Ова го покажуваат и првите фотографии на расклопениот уред без батерија кои ги објави Geek, на кои се гледа дека без батериите уредот е речиси празен.
Новитет е и недостатокот на Thunderbolt порт, но и на сите останати портови кои се заменети со новиот USB Type-C приклучок. Според Applе, ова е поради определба на компанијата да го имаат најдобриот можен приклучок за полнење.
„Се додека мора да додадеме портот за полнење на новиот MacBook сакавме да бидеме сигурни дека ќе ја имаме најсовремениот и најсестраниот приклучок кој е достапен“, пренесува Verge.
Идејата за користење на Thunderbolt е дека беше побрз и овозможуваше дискови и монитори да се приклучак на лаптопите, сепак оваа идеја остана неприфатена од најголем дел од производителите на PC, а новиот USB 3.1 стандард е далеку подобар од претходните, но и поевтин од Thunderbolt.
За сега, со оглед на тоа дека Apple го најави Thunderbolt 2.0, иднината на Thunderbolt не е воведена во прашање, но можеби Apple размислува да го замени Lightning конекторот?








