0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Пријавете се на NASA Space Apps Challenge

И оваа година македонските девелопери ќе можат да се натпреваруваат со своите колеги на NASA Space Apps Challenge, 48-часовен хакатон на кој се наоѓаат решенија за глобални проблеми. Настанот ќе се одржи од 10-ти до 12-ти април, во организација на NewMan’s Business акцелераторот, а за прв пат натпревари се најавени и во Битола, Охрид и Тетово. Партнери на NewMan’s акцелераторот се ФИНКИ, ФЕИТ, Техно Паркот на Универзитетот на Југо-Источна Европа, УКЛО Универзитет Св. Климет Охридски – Битола и Св. Апостол Павле во Охрид.

Во Скопје и Тетово NASA Space Apps Challenge се одржува на 11 и 12 април, а за Битола и Охрид се „резервирани“ 10 и 11 април. На настанот се повикани да се пријават: технолози, научници, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти. Пријавувањето можете да го направите на било која од формите, македонската или англиската.

Настанот се одржува по трет пат во Македонија, а не претходните настани учесниците од Македонија можат да се пофалат со одличен успех. Минатата година Скопје беше локација со најмногу прифатени проекти од NASA, а еден од тимовите, DECAone го освоии второто место. На претходниот натпревар два тима од Македонија беа повикани да се претстават на глобалниот натпревар.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top