Уметничко дело старо 149 години е во центарот на правно несогласување помеѓу Франција, Facebook и онлајн цензурата. Станува збор за тужба на французин, корисник на друштвена мрежа чиј профил е блокиран бидејќи објавил фотографија на која е уметничко дело L’Origine du Monde од 19-от век на Густав Курбе. Проблемот се појавил кога некој го пријавил корисникот, бидејќи на сликата се прикажани „приватните делови“, јави Verge.
Друштвената мрежа забранува споделување на порнографија и експлицитни содржини. За жал, алгоритмите за регистрирање на овие содржини не функционираат доволно добро, и имаат проблем кога треба да се разликува уметност од порнографија, што е аргументот на францускиот наставник што го споделил делото. Наставникот бара оштета од 20-тина илјади евра.
Сега случајот е пред Францускиот суд и проблемот дали судот може да одлучи по жалбата на корисникот кој се согласил на правилата за користење на друштвени мрежа и според нив судска постапка се поведува пред судот во Калифорнија. Судот во Париз, пак, ги отфрли барањата на друштвена мрежа, па сега судењето сепак ќе се одржи во Франција. Одлуката на судот е преседан кој ќе може да се користи и во следните спорови поведени против американските компании во Европа.
„Оваа одлука може да креира нова судска практика за другите друштвени мрежи, медиуми и интернет гиганти кои користат тоа што седиштата им се во САД да го избегнат францускиот закон“, вели Сетфан Котино, адвокат на наставникот чии Facebook профил е блокиран.







