#1 Native рекламирање
Иако брендовите го користат native рекламирањето години наназад, сепак е нешто што ќе се користи и наредната година доколку сакате вашиот бренд да се рекламира на начин на кој луѓето нема да го перцепираат како платена реклама. Овој начин на рекламирање станува популарен и ефективен бидејќи луѓето станаа вешти во игнорирање на конвенционалните онлајн реклами.
Native рекламирањето не го нарушува корисничкото искуство и корисниците тешко можат да направат разлика помеѓу тоа што е платена реклама и тоа што е дел од веб страната.
Во овој случај треба да внимавате на кои медиуми ја споделувате платената содржина и истата да одговара на публиката.
„Овој текст е на еден начин Native рекламирање, бидејќи е содржина која соодветствува со публиката на IT.mk а воопшто не го нарушува корисничкото искуство“.
Дополнителен пример за native рекламирање тука.
#2 Side-Project маркетинг
Ова е тема за која зборувам подолго време. Brainster како компанија веќе ја испроба со создавањето на Brainster кариера. Идејата со тој проект беше да понудиме услуга која може да и користи на нашата таргет група, а со тоа ние да дојдеме до нови лидови за стартапот и потоа да можеме да им ги понудиме нашите услуги.
Side-Project е сервис кој го креира вашата компанија и најчесто е бесплатен за користење, а е наменет за истата таргет група со онаа на вашиот примарен бизнис.
Иако Side-Project маркетингот бара повеќе време и труд за да се испорача, брзо ќе забележите дека ќе ви донесе тон потенцијални потрошувачи и е многу поефикасен начин за генерирање на нови корисници од блогирањеи платени реклами.
Повеќе за Side Project маркетинг можете да прочитате тука.
#3 Персонализација
Поради фактот дека, повеќе од било кога, интернетот е преплавен со содржина, потребата од персонализиран пристап на маркетирање е исклучително важна бидејќи луѓето станаа порезистентни на реклами.
Можете да започнете персонализација од промотивните мејлови кои ги испраќате. Користете поле со име во формите за регистрација и алатка како Mailchimp или Мailerlite. Персонализираниот маил има за 14% подобар CTR (Click-through-rate) и за 10% подобра конверзија – Ааberdeen.
Исто така рачно изработена персонализирана новогодишна честитка е супер идеја.
#4 Chatbots
Обезбедување на позитивна грижа за клиентите е од клучно значење за успешноста на бизнисот. Chatbot-овите прават пресвртница во делот за грижа на корисници и овозможуваат интеракција со клиентите 24/7. Тие можат да бидат партнери на тимовите за продажба и маркетинг кои секогаш се подготвени за одговор.
Не сум сигурен дека постои, но јас би советувал некоја ИТ аутсорс компанија да изработи Chatbot кој ќе го води потенцијалниот клиент низ процесот за естимација на цената за изработка на апликација. Слично на howmuchtomakeanapp.com но спакувана во Chatbot.
Со напредокот на вештачката интелегенција очекувам четботовите да заменат голем дел од ресурсите на компаниите наменети за грижа на корисници.
#5 Видеото е новата слика
Создавањето на видео содржина не е повеќе бонус за компаниите туку потреба.
Но, според мене треба да се фокусираме на нискобуџетно видео без звук. Причината за создавање на видео содржина без звук е тоа што 85% од видеата на Facebook се прегледани без звук – според Digiday.
Дел од маркетерите создаваат видео содржина со многу текст и јасни илустрации се со цел пораката да биде испратена до гледачите и без звук.