0 коментари 1 мин. читање

Bulgaria Web Summit 2017 – дводневен настан за технологија и забава

Минатата година повеќе од 50 луѓе од Македонија го посетија нашиот настан и тоа беше одлично. Бидејќи се подготвуваме за следното издание на настанот, во април, би сакале да ви дадеме краток преглед на тоа што би следело…

2 наместо 1

Овој пат ќе имаме 2 конференциски дена, наместо само еден. На првиот ден (7 април) ќе се фокусираме на теми како приватност, искуства (#UX), креирање на кориснички интерфејси (UI), CSS, веб дизајн и слични.

Главните говорници во првиот ден ги вклучуваат Арал Балкан, Хери Робертс (aka CssWizardly) и Лара Ханлон од IBM Design.

Во вториот ден ќе навлеземе подлабоко во неколку прогамерски технологии, воглавно, но не и ограничувајќи се само на JavaScript. Листата на говорници за вториот ден ги вклучуваат: Тим Месершмидт од Google, Себастиан Виталец од Progress, Красимир Цонев – автор на неколку доста корисни Node.js книги и Матиас Бус Мадсен, автор на повеќе од 500 npm модули.

Пристапна цена

За разлика од другите слични настани низ Европа, BWS е претежно организиран за бенефит на заедницата и се обидуваме колку што можеме да ги задржиме цените најниски што може; да дадеме лесен пристап до технологијата и идеи на што е можно повеќе луѓе без компромис на квалитетот. Да, тоа е возможно.

Повеќе информации

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top