Google се договори со властите во Куба. Компанијата ќе може да складира податоци на Куба, но нема да испорачува интернет во државата. Ова се добри вести за корисниците на сервисите во оваа држава. Сервисите на Google како Gmail и YouTube ќе можат значително побрзо да се отвораат, пишува Verge.
Подобрувањето на услугите се однесува на намалено доцнење (латенција) поради кеширање на содржините локално. Досега пристап до сервисите во Куба беше овозможен преку Венецуела. Промената не значи дека има директна интернет врска помеѓу САД и Куба, но по нормализириањето на односите помеѓу двете држави ова не е исклучено.
„Кубанците кои имаат пристап до интернет и сакаат да им пристапат на нашите услуги можат да очекуваат подобрување.“, вели Мариан Кроук од Google.
Компанијата е присутна во Куба од 2014 кога излегоа првите сервиси Google Chrome, Google Play и Google Analytics. За жал, и покрај добронамерноста на Google, стандардот во Куба е пренизок за интернет. Дел од американските компании како Netflix и Airbnb веќе неколку години се присутни на пазарот во Куба но со исти, лоши резултати.