1 коментар 1 мин. читање

По 49 часа downtime, повторно сме онлајн!

IT.mk беше недостапен изминативе 49 часа поради проблеми со датацентарот каде што се серверите.

Поради отсутност неделава на дел од тимот исто така не можевме навремено да ги активираме и тековните бекап процедури и миграции.

Генерално проблемот можеше да биде надминат многу побрзо, но за жал нереспонзивноста и непрофесионалноста од вработените во датацентарот во Германија го искомплицира ова несакано искуство максимално.

Се извинуваме за прекинот, немаме оправдување.

Во знак на извинување, на IT.mk/market ќе понудиме 490 денари попуст на производ со купон кодот 49DOWNTIME.

Купонот ќе важи 49 часа (до недела 16.00), а минимален потребен износ за валидност на купонот е 3.500 денари. За да го искористите, при процес на нарачка внесите го купонот 49downtime.

TNX на разбирање!
Тимот на IT.mk

п.с. револтот разбирливо искажете го во коментар или на официјалната тема за downtime-ов.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top