40 години тетрис историја со Tetris® Forever

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Неодамна пишувавме за компјутерска историја на дланка со Atari 50. Преку овој текст, детално ги разгледавме потенцијалите на дигиталната ризница на Digital Eclipse. Нивното софтверско решение дозволува преку временски линии да бидете опсипани од најразлични мултимедијални податоци за историјата на Atari, но и да одиграте некоја од 90-те игри поврзани со таа историја. По две садржајни додатоци, фокусот на оваа креативно студио целосно се насочува на проект кој е поврзан со играта над сите игри – Тетрисот!

Вечната форма на Тетрисот

По покренување на Tetris® Forever, вашите сетила се борбардирани од внимателно осмислени кориснички интерфејс и релаксирачки мелодии. Инстантно фрлени во едно носталгично доба, добивате пристап до пет поглавја. Секое од поглавјата содржи богата историја поврзана со подемот на оваа ултра популарна игра, нудејќи ризниза од интервјуа, ретки видеа, фотографии, и документи.

Петте златни поглавја на Тетрисот се:

  1. The Perfect Game – Приказна за тоа како била создадена првата Тетрис во Русија, во 1984-та година, со проникливи интервјуа со авторот, но и различни фотографии поврзани со опремата од тогашниот период
  2. Tetris Breaks Free – Исцрпен преглед за излегувањето на Тетрис на PC и конзолите, интересна приказна за тоа како издавачите од целиот свет очајно се труделе да зграпчат дел од колачот
  3. Tetris Mania – Продолжетокот на епската борба за права, нешто што е поттикнато од излегувањето на Famicon конзолата на Нинтендо
  4. The Next Piece – Детален осврт на тоа како оригиналната тетрис има инспирирано бројни студиа да направат нивни иновативни продолжетоци
  5. A Tetris World – На какви се подобри начини Тетрисот продолжува да го освојува модерниот свет?

Маестрална изведба

Листањето низ временските линии и прегледувањето на мултимедијалните содржини е прекрасно изведено, со флуидни транзиции и суптилни специјални ефекти. Директно преку самите линии се раскажува приказната низ поглавјата, давајќи ви да заиграте и голем дел од спомнатите Тетрис игри. Но, целосен и уреден пристап до сите 15-тина игри ве чека преку одделот Games.

Од одделот Games, игрите се прикажуваат според годината на излегувањето, според платформата, името или според редоследот по кој си ги играте. Tetris Time Warp e целосно нова тетрис игра на Digital Eclipse. Во оваа игра, четири играчи се борат низ различни епохи и тетрис стилови.

Откако ќе изберете некоја од игрите, ќе добиете краток опис за истата, како и увид во контролите. За жал, контролите не се унифицирани за сите игри, што е подразбирливо, и потребен е одреден период на привикнување. Дополнително, врзани сте со фабричките подесувања, што значи дека нема да можете да ги менувате контролите вие како сакате.

И како трета забелешка, едноставно сакавме повеќе тетрис игри. Се чини дека 15 игри, баш овие игри, не се добриот избор за поголемиот број фанови. Овие три работи се клучните три причини поради кои Tetris® Forever има само 48% позитивни рецензии на Steam.

Tetris® Forever само што излезе на Steam, а рецензиите не би требало да ве загрижуваат, особено затоа што нивната бројка не е ни 50. Tetris® Forever е одлична колекција од дигитални добра и особено сме благодарни што можевме да ја искусиме, да научиме нешто ново, а и да се забавиме во процесот.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Digital Eclipse
  • Издава: Digital Eclipse
  • Жанр: логика
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 12 ноември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments