3 сајтови за читање книги

Книги, кој има време за нив? Со оглед на тоа дека го читате овој текст, шансите се големи дека или имате време или сте спремни да си го реорганизирате обврските. Денеска, љубителите на пишаниот збор можат да се втурнат во истражување бројни светови на писателите, под услов да се спремни да ја платат цената на пристапот. Ова се трите најдобри сајтови на кои можете да се претплатите и да читате, односно слушате најразлични книги.

Scribd – Книги, аудио книги, списанија, документи, подкасти!

Scribd долго време се нарекува Netflix , но за книги. На располагање имате не само книги, туку и аудио книги, списанија и документи. За бесплатен пробен период од 30 дена и 10 долари месечна претлата, апсолутно се исплати што се можете да најдете на сајтот. Апликацијата одлично се справува со сите формати и пружа одлично прелистувачко искуство.

Kindle Unlimited – книги и аудио книги, списанија

Доколку одамна не сте ја користиле услугата на амазон, за 5 долари ќе можете да се претплатите на два месеци претплата и да уживате во над 1 милиони (аудио) книги и списанија. Во спротивно, со претплатата од 10 долари месечно (и еден месец бесплатна проба), имате на располагање огромен избор на книги, заедно со списанија. Недостасуваат бестселери, но има повеќе од одличен избор од книги на независни издавачи (инди писатели).

Bookmate – книги

Нема да лажеме или да ги извртуваме работите. Ако веќе се претплатувате, најдобро е да го направите тоа или со Scribd или со Kindle Unlimited (иако ние сметаме дека најмногу вредност ќе најдете во Scribd). Но, можеби не е лошо да се запознаете со Bookmate особено кога ќе се земе во предвид дека преку оваа платформа добивате пристап до полиците на вашите пријатели, а лесно можете да поставите ваши книги и да ги синхронизирате низ сите можни направи. За пофалба е и тоа што Bookmate се одликува со еден од најдобрите читачи на книги. Доколку решите да се претплатите, по седум дневниот пробен период потребно е да издвоите или 10 долари месечно или 100 долари на годишно ниво.

Дали сте пробале некоја од горните услуги? Какво е вашето искуство и дали би сакале да предложите вие некој сајт за читање книги? Споделете го вашето искуство во коментарите!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments