2 игри кои ќе излезат наскоро: SkullX: Aibohphobia и LumenTale: Memories of Trey

Комплексна визуелна авантура и тактички битки

Во SkullX: Aibohphobia, вие сте водач на тим платеници ангажирани да спасат биоинженер. Но, плановите брзо се менуваат кога ќе се најдете изолирани и опколени од застрашувачки непријатели кои само наликуваат на луѓе. Оваа психолошка хорор визуелна новела ве фрла во темна приказна каде што мора да ја преживеете ноќта.

Играта се одвива низ шест поврзани поглавја, секое со свој протагонист, но приказните се испреплетуваат. Наративната структура е разгранета, што значи дека секој ваш избор се памети и носи последици што ќе ги почувствувате во идните поглавја на непредвидливи начини. Подгответе се за свет исполнет со окултни мистерии и мрачни сили, каде што вашите одлуки го обликуваат исходот не само за вашите ликови, туку и за целиот свет кој полека се распаѓа.

Гејмплејот ја комбинира напнатата приказна со тактичка борба на потези. Секој од петте играчки ликови има уникатни вештини кои ќе ви бидат потребни за да се соочите со грозоморните противници кои ќе го тестираат вашиот разум. Искуството е визуелно претставено со над 100 рачно нацртани сцени во детален стриповски стил, придружени со анимации на ликовите, интензивни сцени и целосна гласовна синхронизација што дополнително ве внесува во морничавата атмосфера.

SkullX: Aibohphobia ветува да понуди патување во срцето на темнината. Со шест можни завршетоци само во првото поглавје, секое ново играње нуди поинакво искуство. За среќа нема многу да чекате за да започнете со донесување тешки морални одлуки. Играта излегува на 30 јуни!

LumenTale: Memories of Trey e RPG игра со собирање суштества сместена во прекрасен и магичен свет. Во играта ќе го следите Треј, момче кое тргнува на патување за да си ги поврати изгубените сеќавања. На ова емотивно патување на себеоткривање, ќе истражувате уникатни региони и ќе создавате нови спомени заедно со мистичните суштества познати како Анимони.

Магичен свет полн со корисни суштества

Светот на Талеа закрепнува од голема граѓанска војна која ја поделила нацијата. Од темнината на тој конфликт се појавиле лумените, ред на чувари кои носат светлина и надеж, штитејќи ги луѓето и анимоните. Овие специјални суштества се направени од енергија што тече низ целиот свет и поседуваат способност да влијаат врз емоциите. Вашата цел е да ги фатите и да станете неразделни партнери во авантурата што ве чека.

Вашата вештина ќе биде тестирана преку возбудливи борби. Уредот холокен ќе го користите за да фатите некој од околу 140-те видови анимони и да ги додадете во вашиот тим. Вклучете се во напнати дуели еден на еден или во епски тимски битки 4v4. Секој анимон има свои способности и припаѓа на еден од 13-те елементарни типови, па стратегијата и познавањето на нивните предности и слабости се клучни за победа. Можете лесно да ја надополните вашата колекција преку размена со пријателите или со заедницата.

Покрај истражувањето и борбите, важна е и грижата за вашите анимони. Ќе ја посетувате фонтаната за да одморите, да изработувате корисни предмети или да готвите храна за вашите партнери. Сите анимони што ќе ги фатите живеат во анипросторот, посебна димензија каде што можете да ги тренирате, да го приспособите нивниот простор и да изградите посилни врски со нив, создавајќи го совршениот тим за секој предизвик.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk