Зимското ажурирање на Godbreakers донесе клучни промени и нови начини на играње

во гејминг

Пред новата година, Godbreakers доби доста обемно проширување кое, за среќа, е целосно бесплатно за сите постоечки играчи. Со надополнувањето, авторите ставаат примарен фокус на проширување на можностите за соработка и натпреварување. Еден од најзначајните, технички додатоци е новиот прелистувач на сервери. По претходните критики поврзани со пристапноста на мултиплеер сесиите, оваа алатката, верувајте, значително го олеснува процесот на пронаоѓање соиграчи за кооперативен режим. За дополнително флексање како да ќе нема утре, особено во поглед на таканаречените Tangled runs, воведени се и Leaderboards.

Што се однесува до самата игра и гејмплеј механиките, најголемата новина е воведувањето на новиот архетип, брутално наречен Savage Bladе. Новата класа е дизајнирана за сите оние кои претпочитаат агресивен стил. Преку користење голем меч и механика на разбеснување, се наградува вашето ризикување со зголемена моќ и можност за крадење на непријателските способности. За да можете убаво да си ги тестирате овие вештини, додаден е и нов режим на игра наречен Recollections. Режимот ви дозволува да навлезете во пократки, поинтензивни сесии низ различни биоми. Сите промени се придружени со нови типови на непријатели и елитни противници, нови стапици, но и нови предизвици. Имено, таканаречените Combat Challenge соби, ефикасно ја зголемуваат разновидноста на борбените сценарија и бараат од вас постојано да ги адаптирате вашите стратегии.

За сите оние кои никако не сакаат да навлезат во ажурирањето со старите изгледи, имаат на располагање платен додаток. Costume Party Supporter Pack се оддалечува од секаков сериозен тон така што нуди хумористични и ексцентрични козметички додатоци, претворајќи го бојното поле во своевидна маскенбал забава. Пакетот вклучува вкупно 21 нов елемент, распоредени помеѓу скинови за оружје, украси за глава и материјали за играчите, а и не е премногу скап доколку сакате дефинитивно да отскокнувате во визуелниот хаос на борбата.

Зимското ажурирање ја поставува Godbreakers на многу постабилна патека. Со воведувањето на технички подобрувања како прелистувачот на сервери и содржински новини како новиот архетип, играта само нуди дополнителни причини да ѝ се навратите. Кога ќе се земе во предвид колку брзо дојде надополнувањето по излегувањето на играта, нема сомневање дека се работи за солиден чекор напред кој ветува добра иднина за насловот, под услов тимот да продолжи со вакво темпо на поддршка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments