PS5 беше лансиран во ноември 2020 година, но само исклучително мал број гејмери успеаја да ја зграпчат конзолата на Sony. Како најголем проблем се издвојува недостаток на одредени компоненти, попрецизно недостаток на полупроводници кои се критични за производството на конзолите. Иста болка ги мачи и од Microsoft. Нивни претставници изјавија дека Xbox Series X/S тешко ќе се наоѓаат сè до крајот на оваа лето.
Од Sony не се оптимисти како од Microsoft.
На состанокот кој следеше по јавното откривање на финансискиот извештај од Sony, претставник од компанијата призна дека проблемот со недостатокот на одредени критични компоненти лесно би можел да се развлече до крајот на оваа година, а уште полесно да премине во 2022. Во меѓувреме, се шепоти дека Sony работи на хардверски редизајн со кој би можеле да се олесни целокупното производство на конзоли.

Инаку, до сега се продадени скоро 8 милиони PS5 конзоли (7.8 попрецизно). Официјалниот Sony застапник за Македонија – Пан Европа понуди одредена бројка конзоли за преднарачка пред официјалното лансирање минатата година, но од тогаш па до сега немаме слушнато дали и кога би можеле да се очекува нова пратка. Тоа никако не ги спречува одредени продавници и индивидуалци од Македонија да продаваат PS5 по значително повисока цена. Имено, препорачаната цена е 500 евра, но огласите на кои ние наидуваме често ја нудат конзолата за цена од 1000 евра, па и повеќе!
[…] покрај тоа што е исклучително тешко (читај: скапо) да се дојде до PS5, Sony успеаја од ноември да продадат 9 […]
[…] се дојде до најновата конзола на Sony, а проблемот лесно би можел да се развлече и во 2022 година. Тоа, меѓутоа, никако не го спречува тимот да работи на […]