3 коментари 2 мин. читање

14-годишниот Марко Чаласан развива технологија за Google Glass

Македонскиот гениј Марко Чаласан кој на осум години беше најмладиот систем администратор на Microsoft во светот, сега е пораснат. Има 14 години и работи на понапредни технологии како очилата со проширена реалност на Google, пишува Al Jazeera Balkan.

Имавме прилика да го запознаеме Mарко кога му ја доделувавме наградата за ИТ личност на годината, и можеме да кажеме дека малиот информатичар, кој светот го нарече „компјутерски Моцарт“, а сега веќе тинејџер, е едноставно решен да ја истражува секоја нова технологија. Затоа не изненадува и неговиот интерес за Google Glass, очилата со проширена реалност преку кои може да се фотографира, постира и снима, бидејќи очилата се еден од најфутуристичките концепти во моментот. Можеби и пред своето време, бидејќи Google сега има проблеми да ги продаде како корисен уред.

Но, за Марко, тоа што е важно е дека работи на новите технологии, истражува и учи нови работи, вели тој за Al Jazeera.

„Фокусиран сум на компјутерските науки и алгоритми, и на проекти со нови технологии. Во моментов работам на проект со Google Glass со една австралиска-канадска компанија. Ќе биде интересно кога ќе излезе продуктот. Работата ме исполнува бидејќи имам можност да работам со технологии кои не се лесно достапни“.

Марко вели дека интересот во технологии постојано му се менува. Започна со компјутерските мрежи, па се префрли на алгоритмите, па на иновациите и усовршување на постоечките технологии кои можат да се користат за науките. Но, пред да го собере целото знаење во ИТ светот, тој како 14-годишен ученик мора да си ги заврши обврските спрема училиштето, и секако, да се подготви на националниот натпревар во информатика.

Целиот текст за Марко, како и интервјуто со неговата мајка Радица која објаснува за како е да се биде родител на дете кое обожава технологија, може да го прочитате на Al Jazeera Balkan.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top