Стартувана пред 13 години, сега Second Life се врти кон виртуелната реалност

Најверојатно дел од читателите ја помнат Second Life, една од првите игри, иако не е баш игра, која овозможува симулирање на животот во вируелен свет. Ако пред 13 години кога започнаа со Second Life виртуелната реалност не беше подготвена за волкав предизвик, денешната технологија е повеќе од доволно способна да не внесе целосно во виртуелниот свет.

Second Life е виртуелен свет во кој секој играчите има своја „парцела“ која може да се уреди по желба, а се купува од Linden Lab, кои се креатори на играта, или од останатите играчи. Дополнително играчите можат да продаваат виртуелни добра кои самите ќе ги креираат, пример виртуелни блузи, билборди, мебел и слично. Персонализирањето на 3Д моделите ја олеснуваат работата на девелоперите, но дозволува играта да биде забавна за играчите и релативно брзо да се приспособува на новите трендови. Играта има околу 900.000 играчи, што не е премногу за онлајн игрите, но од друга страна Second Life никојпат немала над 1,1 милион играчи.

Но, со виртуелната реалност, која доaѓа со Oculus Rift, Magic Leap или слични очила, во иднина би можела да направи далеку поинересна околина за Second Life. На виртуелниот свет не му недостасува креативност, на пример Duran Duran имаа свој концерт во Second Life, но поради лошата организација и тешкото пронаоѓање на собите, се појавуваат проблеми од техничка природа кои спречуваат над 50 луѓе на една локација.

За следната верзија на Second Life најавените промени ќе овозможат поедноставно пронаоѓање на релевантни содржини, ќе биде зголемен бројот на играчи кои можат да бидат присутни на една локација и понуда на нови начини на кој играчите ќе можат да заработат преку играта.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk