По успешниот старт со coworking заедницата, WeWork ги отвори и своите први coliving апартманти, брендирани како WeLive. Првите апартмани се во Њујорк, и вклучуваат различни простори од еднокреветни соби до сопствено студио. Colive просторите се дел од згради во кои е активна заедница, која исто така работи во coworking просторот кој е оддалечен само неколку спратови. Цената за изнајмување се движи од 1.375 долари за соба, до 2.550 долари за цел стан, јавува Next Web.
Фокусот на целото споделување на становите е дружењето, и сѐ e во функција на ова. Собите намерно се направени мали за да ги натераат луѓето да излезат во заедничкиот простор, а тука има доволно место за сите, за јадење, работа или забава. Становите имаат заедничка сала за вежбање, заедничка тераса, а наскоро ќе имаат и заедничко џакузи, јави Business Insider.
Се чини дека потегот на стартапот сепак е помалку ризичен, бидејќи делува како социјален експеримент повеќе отколку што наликува на сериозен бизнис со недвижности. Целната група која ја таргетираат е премала, а веќе постојат повеќе и поетаблирани можности за станови. Заеднички работен простор нуди повеќе можности и размена на идеи, но се чини дека освен ако не сте претерано друштвени споделувањето на станови не е секојпат добра идеја. Ако ништо друго една од предностите на споделување на становите е тоа што со осум луѓе во станот никојпат нема да ви биде здодевно.







