Стартапот кој изнајмува простор WeWork e проценет на неверојатни 16 милијарди долари, што е пораст од 6 милијарди долари за околу половина годинa, или за десет пати повеќе од пред една година. За споредба еден од конкурентите на WeWork, Ragus има осум пати повеќе простор кој го изнајмува, но е проценет на „само“ 4 милијарди долари. Дел од експертите за недвижности се сомничави околу пазарот, но барем засега компанијата е на одличен пат. Во минатата година интернационлната заработка на WeWork порасна за 37 отсто, а мрежата веќе има над 50.000 професионалци кои изнајмуваат простор.
WeWork нема вообичаен продукт, туку изнајмува coworking простори во 28 градови ширум светот. Но, компанијата не е задоволна само да изнајмува маси на професионалци, туку сака да биде уникатна компанија која користи технологија за да им го олесни работењето на своите станари. Од користење на тим од 160 дизајнери и работници кои го уредуваат просторот, до купување на архитектонско студио кое анализира мета-податоци за да предвиди продуктивност на просторот, WeWork е решен да ги искористи сите можни алатки за да стане уште поголема компанија. Стартапот планира отворање на 336 нови простории до 2018 година, а компанијата предвидува и 260.000 нови членови, од кои 34.000 би биле во спиноф стартапот WeLive кој се тестира. WeLive ќе биде coliving простор, односно простор за живеење во комуна.
Почетокот на компанијата беше тежок и во период кога тргувањето со недвижности беше проблем поради економската криза. Финансиите не беа доволни за закуп на простор, па основачите Адам Њуман и Ребека Њуман едвај го убедија првиот сопственикот на првиот простор да им го изнајми, а договорот кој го потпишаа беше пробен, вели Мигел Мекилви за Fast Company. Стартапот успешно го искорости просторот во Њујорк, не само како можност за заработка, туку и за презентирање на идејата за coworking простор за сите други стартапи.
Сепак и покрај огромната валуација, скептиците не му веруваат на WeWork. За многу инвеститори и експерти на пазарот на недвижности, компанија која само изнајмува простор не треба да вреди 16 милијарди долари. Нејзините станари не се вистински станари, туку стартапи и млади луѓе кои лесно можат да ги заменат coworking просторите за кафулињата со бесплатен интернет.
Но, идејата на Адам Њуман која успешно успеава да им ја продаде на своите инвеститори, е дека WeWork функционира како оперативен систем кој ги заживува недвижностите. Од coworking кон coliving, со WeLive сакаат да отворат 68 локации ширум ЊуЈорк кои ќе ги организираат во комуна на луѓе што ќе комуницираат меѓу себе и ќе градат соживот.
[…] успешниот старт со coworking заедницата, WeWork ги отвори и своите први coliving апартманти, брендирани […]