Просечниот корисник на Snapchat дневно поминува од 25 до 30 минути на апликацијата, што ја прави платформата сериозна конкуренција на останатите социјални мрежи. Snapchat сега има над 100 милиони активни корисници, а 60 отсто од нив секој ден креираат нови содржини. Содржините не се само видео, туку и текст разговори со пријателите или испраќање на слика.
Вообичаено со повеќе поминато време на корисниците се зголемува и притисокот за монетизација на платформата, а овојпат Snapchat има идеја да заработи од видео реклами. Платформата можеби е одлично место за споделување на реклами, но со оглед на возраста на најголем број на корисниците, од 18 до 35 години, тешко е да се предвиди каква ќе биде нивната реакција. Платформата допира до 41 отсто од жителите на САД кои се на возраст од 18 до 34 години. За споредба 15 најгледани ТВ-станици допираат до 6 отсто од истата група, вели Business Insider.
Претходната идеја беше продажба на геофилтри за специфични прилики, сепак беше подобра.







